Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 1.802 новозаразени со коронавирус, 16 починати

Во Хрватска 1.802 новозаразени со коронавирус, 16 починати

Во последните 24 часа евидентирани се 1802 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 9.052.

Меѓу нив, 1.107 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 115 пациенти се на апарати за дишење, додека 16 лица починале.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 264.111 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5.854 починале, вкупно 249.205 закрепнале, од кои 1.141 во последните 24 часа.

Во моментов има 27.892 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 1.511.440 лица, од кои 8.003 во последните 24 часа.

Можете да прочитате

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

Балон на топол воздух се запали во Бразил, осум лица загинаа