Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени рекордни 369 нови случаи на коронавирус, со што бројот на активни случаи се искачи на 2.634. Досега, најголем број на заболени во еден ден имало на 26 август – 358.
Како што јавија хрватските медиуми, 269 заболени се на болничко лекување, а 15 пациенти се приклучени на респиратор.
Во последните 24 часа починале тројца пациенти.
Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај на коронавирус, во Хрватска се регистрирани 11.094 заболени, од кои 194 починале, а 8.266 оздравеле.
Во самоизолација се 8.901 лице. До денес се тестирани 179.838 лица, од кои 4.492 во последните 24 часа.