Утрински Весник
Свет

Во Хрватска пристигна вакцината на „Астра зенека“

Во Хрватска пристигна вакцината на „Астра зенека“

Во Хрватска стигнаа 16.800 дози од вакцината на „Астра зенека“. Ова е прва пратка, а до крајот на месецот ќе пристигнат повеќе од 150.000 дози, јавија хрватските медиуми.

„Доаѓаат и вакцините на ‘Фајзер’ и ‘Модерна’, така што конечно ќе имаме доволно количество вакцини и конечно ќе можеме да ја започнеме втората фаза од националниот план за имунизација“, изјави епидемиологот Ива Пем Новосел, за ХРТ.

Некои европски земји одлучија да не ги вакцинираат постарите од 65 години со вакцината на „Астра зенека“, но во Хрватска велат дека нема потреба од такво нешто.

Причината е премалку истражување и недоволни информации за ефективноста на самата вакцина.

„Ако добиеме некои дополнителни информации по дополнителен мониторинг, секако дека ќе ја исправиме таа одлука. Сепак, докажано е дека оваа вакцина штити од тешки форми на болеста, хоспитализации и смртни исходи“, рече Пем Новосел.

Секој што решил да прими друга вакцина може да го стори тоа, но ќе мора да почека додека не пристигнат другите дози на вакцината.

„Во следните недели, кој и да сака да се вакцинира, препорачуваме да се вакцинира со оваа вакцина (на ‘Астра зенека’), а оние што одлучиле поинаку, треба да почекаат“, рече таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Во Бејрут прекин на наставата во училиштата и универзитетите до крајот на декември