Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Хрватска приведени антиваксери, осомничени се дека поттикнувале тероризам

Во Хрватска приведени антиваксери, осомничени се дека поттикнувале тероризам
Img 7972

Во пет хрватски окрузи приведени се најмалку пет лица, меѓу кои и Марко Францишковиќ, водачот на протестите против вакцинацијата, кои се осомничени за јавно поттикнување на тероризам, објави хрватскиот портал „Индекс“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во пет жупании се води кривична истрага поради постоење сомнение за сторено кривично дело јавно поттикнување тероризам.

Се наведува дека станува збор за истрага поради сомневање за дејствија кои поттикнуваат кршење на основните уставни, политички, економски и општествени темели на Хрватска со напаѓање на физичкиот интегритет на други лица и јавни објекти.

„Во денешните акции се опфатени повеќе лица кои се под надзор на полицијата“, се вели во соопштението и се додава дека во наредните денови полицијата ќе работи на собирање докази со претрес на објекти, возила и друга опрема.

„Индекс“ неофицијално дознава дека меѓу приведените се и Марко Францишковиќ, еден од говорниците на неодамнешниот протест против ковид-сертификатите во Загреб и Шибеник, Натко Ковачевиќ, теоретичар на заговор кој во 2016 година во емисијата на ХРТ изнесе теории за „Бил Гејтс кој сака да уби Хрватите“. Порталот дознава дека меѓу приведените е и Денис Башнец, кој се претставува како лекар по природна медицина, фитотерапевт, билкар и нутриционист.

Се додава дека станува збор за лица кои организирале акции во затворени групи преку апликацијата „Телеграм“ за да протестираат против ковид-сертификатите во Загреб, а некои од нив, се додава, предложиле и насилни акции.

Полицијата во моментот ги претресува нивните простории, возила и трага по оружје, мобилни телефони, компјутери, УСБ-стикови и друг материјал кој би помогнал во истрагата.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД