Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 204 новозаразени со коронавирус, со што бројот на активни случаи во земјата во моментов изнесува 2.529 лица.
Меѓу нив, 303 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 23 се на апарати за дишење.
За едно деноноќие починаа уште две лица, со што досега потврдени се 203 смртни случаи поради вирусот.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 12.285 лица заразени со новиот коронавирус, а 9.553 оздравеле.
Во моментов 8.608 лица се наоѓаат во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 196.966 лица, од кои 3.813 во последните 24 часа.