Утрински Весник
Свет

Во Хрватска повеќе од 4.000 новозаболени, голем број починати

Во Хрватска повеќе од 4.000 новозаболени, голем број починати

Хрватска објави 4.009 нови случаи на инфекција со коронавирус, пренесува порталот „Индекс“.

Тамошниот кризен штаб изјави дека биле тестирани 11.487 лица, а починале дури 51 лице.

Хрватските медиуми наведуваат дека е донесена конечна одлука за затворање кафулиња и ресторани. Новите строги мерки треба да стапат на сила од утре на полноќ и ќе траат до Божик.

Некои жупании сепак, не се откажуваат од барањето да бидат изземени од оваа мерка, барем до одреден степен, но се чини дека тоа нема да им биде дозволено.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ликвидиран иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб

НАТО распоредува повеќе одбранбени сили за заштита на базата во Турција

Зеленски: Војната на Блискиот Исток ќе доведе до недостиг на ракети за Украина