Утрински Весник
Свет

Во Хрватска повеќе од 1.000 новозаразени со коронавирус, 38 починати

Во Хрватска рекорден број на починати и 2.378 новозаразени со Ковид-19
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа евидентирани се 1.098 нови случаи на инфекција, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 5.794. Меѓу нив на болничко лекување се 2.251 пациент, од кои 194 се на апарати за дишење. Починаа 38 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 217.946 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 4.304 починаа, вкупно 207.848 лица закрепнаа, од кои 1.538 во последните 24 часа.

Во моментов има 18.277 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.061.953 лица, од кои 6.742 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија