Утрински Весник
Свет

Во Хрватска обвинение против криминална група која во земјата внела 16 тони марихуана

Во Хрватска обвинение против криминална група која во земјата внела 16 тони марихуана

Хрватскиот оддел за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) покрена обвинение против 20 осомничени предводени од Томислав Сабљо, Томислав Сучиќ и Ѓорѓе Вулетиќ, уапсени минатото лето во операцијата позната како „Тебра“, за шверц со скоро 16 тони марихуана, но и за палење автомобили и рекет.

Наведувајќи ги само иницијалите на осомничените, УСКОК објави дека злосторничкото здружение, покрај шверц и трговија со дрога, е обвинето и за загрозување и предизвикување на тешки повреди и незаконска наплата.

УСКОК се сомнева дека Сабљо и Сучиќ во периодот од 2016 до 2019 во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија собрале група за набавка и шверц на марихуана.

Марихуаната прво била складирана на територијата на БиХ, а потоа со помош на гранична полициска службеничка била внесувана во Хрватска. Полицајката, наводно, учествувала и во испораката на дрогата до дел од купувачите.

Дрогата потоа во помали количини се продавала на препродавачи, а на тој начин, според хрватските власти, најмалку 15,7 тони марихуана биле шверцувани во Хрватска.

Сабљо и Сучиќ се обвинети и за поврзување на шестмина обвинети со Вулетиќ, кои запалиле најмалку четири автомобили и подготвиле напад врз најмалку едно лице, прикриле најмалку еден украден автомобил и рекетирале неколку лица.

Текстот Во Хрватска обвинение против криминална група која во земјата внела 16 тони марихуана е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре