Утрински Весник
Свет

Во Хрватска нови 1.313 случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во Хрватска нови 1.313 случаи на Ковид-19, починаа 33 лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.313 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 33 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 15.699, меѓу нив хоспитализирани се 1.816 пациенти, од кои 191 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, 85.519 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 1.082 починале.

Вкупно закрепнале 68.738 лица, од кои 2.507 во последните 24 часа.

Во моментов има 35.071 лице во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 624.393 лица, од кои 4.861 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“

Силен руски напад со суперсонични ракети врз Киев

Зеленски: Русите нè напаѓаат од Белорусија