Утрински Весник
Свет

Во Хрватска над 1.000 починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Во Хрватска над 1.000 починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.866 нови случаи на коронавирус, а 38 лица починале, со што вкупниот број на смртни случаи од последиците на Ковид-19 се искачи на над 1.000.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е 17.090, од ​​кои 1.655 пациенти се во болница, а 184 пациенти се на респиратор, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега биле заразени вкупно 81.844 лица, од кои 1.006 починале, а вкупно се опоравиле 63.748 лица, од кои 2.444 во последните 24 часа.

Во моментов има 41.615 лица во самоизолација, пренесува хрватски Индекс. До денеска се тестирани вкупно 611.357 лица, од кои 9.614 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно