Утрински Весник
Свет

Во Хрватска епидемиолошките мерки продолжени до 31 март

Во Хрватска епидемиолошките мерки продолжени до 31 март

Хрватска ги продолжи епидемиолошките мерки до 31 март. До тој датум важат мерките кои забрануваат собирање на повеќе од 25 лица на едно место, а на приватни собири најмногу 10 лица од најмногу две домаќинства.

Јавните собири можат да траат до 22 часа, кога пекарниците можат да работат, а забраната за продажба на алкохол е во сила од 22 часот.

Работното време на угостителските објекти е ограничено на 22 часа, а забраната за одржување свадби сè уште важи.

Спортски настани, натпревари и тренинзи може да се одржат само без гледачи и со строго почитување на сите пропишани епидемиолошки мерки и посебни препораки и упатства на хрватскиот Институт за јавно здравје.

Меѓу другото, се препорачува верските обреди, секогаш кога е можно, да се емитуваат на радио, ТВ или на кој било друг начин што ќе овозможи присуство на верници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел

Џонсон: Воената операција против Иран ќе биде брзо завршена

Протест во Прага поради намалувањето на воените трошоци