Утрински Весник
Македонија

Во хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка стигнаа 154 лица во карантин

Во хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка стигнаа 154 лица во карантин
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 31 март 2020 (МИА) – Од вчера и ноќеска во хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ се пристигнати лица кои треба да поминат 14 дневен карантин откако се вратени од странство, а согласно мерките за превенција од КОВИД19. Станува збор за 154 лица кои се дојдени со летови од Виена, Австрија и Базел Швајцарија.

-Првата група пристигна вчера околу 17 часот, а вторта околу 2:00 часот ноќеска по полноќ. Им беше извршен медицински преглед од Клинички центар Тетово. Сите имаат добиено храна, вода и хигиенски продукти според пропишаните процедури и протоколи, изјави Живе Алексовски, директор на подружица Попова Шапка при АД ЕСМ.

На 27 март во хотелот Арена Тетекс беа сместени 56 лица кои беа дојдени од Хрватска за да поминат 14 дена во државен карантин. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци