Утрински Весник
Свет

Во Хонг Конг, запрена употребата на вакцината од „Фајзер“ поради грешка во пакувањето

Во Хонг Конг, запрена употребата на вакцината од „Фајзер“ поради грешка во пакувањето

Властите во Хонг Конг престанаа да ја користат вакцината на „Фајзер“ против коронарнавирус, а како причина наведоа дека има грешка во пакувањето.

Вакцинацијата во Хонг Конг се одвива бавно, поради недовербата на граѓаните во кинеската вакцина од „Синовак“, известуваат тамошните медиуми.

Вакцината од „Фајзер“ нема да се користи додека не се спроведе истрага, пренесува Ројтерс.

Хонг Конг започна со вакцинација со „Синовак“ во февруари, а овој месец беше понудена и вакцината на „Фајзер“.

Според податоците на владата, минатата недела, двојно повеќе луѓе изразиле желба да примаат вакцина од „Фајзер“ отколку од „Синовак“.

Можете да прочитате

Италијанскиот министер за одбрана: Светот полуде

Иранскиот потпретседател: Не се плашиме од Трамп

ОН: Нападите врз цивили и инфраструктура се воени злосторства