Утрински Весник
Македонија

Во функција три пункта за дезинфекција во Куманово

Во функција три пункта за дезинфекција во Куманово

Куманово, 31 март 2020 (МИА) – Во Куманово од денеска почнаа да функционираат три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во градот, објави денеска градоначалникот, Максим Димитриевски. До крајот на оваа недела се очекува да бидат поставени безконтактната опрема на сите влезови од градот.

Благодарност до тимот од средно техничко училиште за произведената опрема, вработените во јавните претпријатија и тимовите на МВР за дежурствата на пунктовите. Апелирам до возачите да ги следат напатствијата и хоризонталната сигнализација за да се запази процесот на дезинфекција и да не дојде до оштетување на опремата, објави Димитриевски.

Професори од средното техничко училиште „Наце Буѓони” од Куманово со поддршка на општината изработуваат опрема за автоматски пунктови за дезинфекција, која треба да биде поставена на дванаесетте влеза и излеза во Куманово. Уредите овозможуваат автоматска дезинфекција на автомобилите кои влегуваат и излегуваат од градот

На денешната седница на општинскиот кризен штаб Куманово беше побарана и асистенција од МВР на овие пунктови. ам/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неколку стотини маски дефилираа на карневалот Прочка во Прилеп, ги предводеа Мечкарите

Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип

400 извидници од цела држава го одбележаа Денот на извидниците во Кичево