Утрински Весник
Свет

Во Франција 5.453 нови случаи на Ковид-19

Нови мерки во Париз – само велосипедистите и рекреативците не мора да носат маска

Во последните 24 часа, во Франција се забележани 5.453 нови случаи на заболени од коронавирус, објави Француската здравствена управа, што е помал број по три дена раст.

Во петокот имало 7.379 нови случаи, 6.111 во четвртокот и 5.429 во средата, кои беа нови рекорди по масовните тестирања.

Стапката на позитивни тестови (бројот на позитивно тестирани лица поделено со бројот на тестирани) сè уште расте и изнесува 4 проценти во последните седум дена.

Од почетокот на епидемијата, во Франција починале 30.602 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормускиот теснец

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

Меланија Трамп негира врски со Епстин, обвинувањата ги нарече клевети