Утрински Весник
Свет

Во Франција, трет ден по ред, со коронавирус се заразени повеќе од 10.000 луѓе

Во Франција, трет ден по ред, со коронавирус се заразени повеќе од 10.000 луѓе

Француските здравствени власти соопштија дека 12.532 случаи на коронавирус се потврдени трет ден по ред кога Франција бележи повеќе од 10.000 инфекции на ден.

Агенциите известуваат дека многу заразниот делта-сој е виновен за зголемувањето на бројот на пациентите, а вкупниот број на заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата надмина 5,87 милиони.

Министерството за здравство во извештајот за новите случаи, објави дека починале пет лица, така што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 е 111.472 лица.

Можете да прочитате

Шведска, Норвешка и Данска со 486 милиони долари ќе се вклучат во иницијативата на НАТО за снабдување на Украина со оружје

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема

Почина поранешниот романски претседател Јон Илиеску