Утрински Весник
Свет

Во Франција расте бројот на заразени, се чека одлука за нови ограничувања

Во Франција расте бројот на заразени, се чека одлука за нови ограничувања

Трет ден по ред, во Франција расте бројот на нови случаи на коронавирус.

Според податоците на Министерството за здравство за вчера, во последните 24 часа биле заразени уште 22.371 лице, а починале 183 пациенти.

Министерот за здравство во земјата, Оливие Веран, најави дека Франција ќе донесе одлука за заострување или олеснување на рестриктивните мерки, особено на местата на медитеранскиот брег.

Последната анкета на Ифоп за францускиот неделник „Журнал ду Диманш” покажа дека рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон е стабилен, во момент кога државата се подготвува за нови мерки за спречување на пандемијата.

Политиката на Макрон ја одобруваат 41 отсто од испитаниците, што е скок од еден отсто од последното такво истражување и највисок резултат од ноември.

Во следните осум до 10 дена Макрон ќе одлучи дали да ги олесни или зајакне ограничувањата поради Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан