Уште две лица од југоистокот на Франција се заразени со мутираниот вид на коронавирус, а министерството наведува дека овие лица неодамна биле и во Индија.
Од друга страна пак унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека борбата на Унгарија против пандемијата со Ковид-19 влегува во нова фаза.
Орбан додаде дека рестораните од утре ќе бидат отворени до 23 часот, пренесува унгарската агенција МТИ.
Угостителските објекти исто така ќе можат да ги отворат своите затворени делови и да ги служат лицата кои имаат сертификати за имунизација, рече Орбан.
Според него, хотелите, зоолошките градини, музеите, кината, театрите, спортските сали и спортските објекти ќе бидат повторно отворени и ќе можат да ги посетуваат малолетници во придружба на нивните родители.
Орбан потенцираше дека со вакцинацијата, која до минатата ноќ достигна бројка од 3.911.000 милиони луѓе, Унгарија денес сигурно ќе ја премине границата од четири милиони, што од утре ќе ја отвори вратата за воведување нови регулативи.
Во меѓувреме, рече тој, Унгарија ќе започне да вакцинира лица од 16 до 18 години со вакцината на „Фајзер / Биотек“, по 10 мај, кога завршуваат испитите во средните училишта.
„Унгарија сега има доволно вакцини за секој што сака да се вакцинира“, рече Орбан, но предупреди дека пандемијата сè уште не е завршена и дека е потребно да се дејствува одговорно.