Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 12.845 случаи на коронавирус, соопштија денеска здравствените власти на таа земја.
Ова е првпат од 27 септември бројот на заразени со коронавирус да надмине 10.000.
Во изминатите 24 часа 63 лица починале како последица на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во Франција достигна 31.956, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Досега во земјата се заразиле вкупно 563.535 лица.