Утрински Весник
Свет

Во Украина потврдена смртта на три деца

Во Украина потврдена смртта на три деца

Организацијата „Save the Children International“ објави дека во Украина е потврдена смртта на три деца.

„Секоја војна е војна против децата. Се плашиме дека ќе загинат повеќе невини деца ако борбите не престанат. Децата мора да бидат заштитени од се“, напишаа тие.

Не е соопштено каде се убиени децата, но претходно, според објавите на медиумите, рускиот министер објавил дека Русите удриле во сиропиталиште и градинка во украинскиот град Охтирка, а медиумите објавија дека има загинати и повредени.

Можете да прочитате

САД, Украина и Русија на мировни преговори во Абу Даби

Зеленски ги прозва лидерите на ЕУ: Слаби сте, Трамп нема да ве слуша

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите