Утрински Весник
Свет

Во Турција осуден новинар за шпионажа, кој 4 години е во егзил во Германија

Во Турција осуден новинар за шпионажа, кој 4 години е во егзил во Германија

Турски суд го осуди новинарот Кан Дундар, кој живее во егзил во Германија, на повеќе од 27 години затвор под обвинение за шпионажа и помагање на терористичка организација.

Дундар е осуден на 18 години и 9 месеци затвор за прибавување државни тајни заради политичка или воена шпионажа, се вели во пресудата. Судот исто така го осуди на дополнителни 8 години и 9 месеци за поддршка на вооружена терористичка организација, чиј член не бил тој.

Адвокатите на Дундар не присуствуваа на сослушувањето, истакнувајќи дека „не сакаат да бидат дел од практиката за легитимирање на претходно донесената политичка пресуда“.

Поранешниот главен уредник на турскиот весник „Џумхуријет“ побегна во Германија во 2016 година и му се судеше во отсуство.

Бројни новинари и активисти во Турција се приведени или осудени во турските судови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина