Утрински Весник
Македонија

Во Трубарево уапсени разбојници додека со автомобил пренесувале украдени предмети

Во скопското село Трубарево, во вечерните часови на 28 февруари, полицајци сопреле автомобил „шкода“ со скопска регистрација, во кој биле пронајдени предмети од претходно извршена тешка кражба.

Како што информираат од МВР, „шкодата“ била управувана од Д.К.(31) од Куманово, а совозач бил А.Ј.(33) од Скопје. Двајцата веднаш биле уапсени поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

Заедно со предметите тие биле предадени во полициската станица во Гази Баба и во извршениот разговор изјавиле дека кражбата ја извршиле истиот ден од вагон на железничката станица во Трубарево.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевски: Протестот демек организиран од ССМ, а сите видоа дека е нивна игранка со СДС

Одземени две возила во Кичево, уапсени две лица

(Видео) Ужас во Гостивар: Татко и син 30 години не се избањале, немаат струја и вода – Од социјалното им кажале дека „немаат средства” да им помогнат