Утрински Весник
Македонија

Во тешка сообраќајка во Аеродром, со мотор загина 24-годишно момче

Во тешка сообраќајка во Аеродром, со мотор загина 24-годишно момче

Доцна синоќа во населбата аеродром во сообраќајна несреќа загина 24-годишно момче од Скопје.

Според информациите од МВР, загинатиот возел мотор и се судрил со автомобил „Ауди 3“ на крстосница на бул.„Јане Сандански“.

„ На местото на незгодата починал мотоциклистот Д.А., а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите