Утрински Весник
Македонија

Во тетовско приведен сопственик на локал и три странски државјанки

Затворена кафеана во Дебар Маало во која имало 30 гости по 21 часот

Приведен е 30-годишен жител на тетовско Боговиње, чиј угостителски објект ноќеска по полноќ, во селото Жеровјане работел по дозволеното време и во него престојувале 13 гости и шест странски државјанки.

Во угостителскиот објект, исто така, приведени се и три странски државјанки, од кои две од Русија и една од Албанија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој. И тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сопственикот на локалот бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во посета на Армијата

Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко

Тројцата обвинети полицајци од Кочани не се чувствуваат виновни во предметот поврзан со „Пулс“