Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во тетовско пет лица не го почитувале полицискиот час

Во тетовско пет лица не го почитувале полицискиот час
300x250 opst2

Тетово, 23 март 2020 (МИА) – Пет лица на тетовско подрачје се откриени и приведени поради непочитување на полицискиот час од 21 до 6 часот, соопшти денеска СВР Тетово. Тие биле откриени во периодот од 21:20 часот до 23 часот.

– Во овој период, на различни локации во Тетово и Желино лишени од слобода се А.Ј.(21), Д.Р.(21), А.Д.(24), тројцата од Тетово, А.З.(32) од тетовска Стримница, и З.И.(26) од гостиварско Дебреше. Задржани се во Полициската станица – Тетово и по целосното рачистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, информираат од тетовската полиција.

На подрачјето на СВР Тетово на 23 март заклучно со 6 часот, регистрирани се вкупно 354 лица на тетовско подрачје со потпишани писмени изјави за самозолација и 18 со решенија од Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат. ас/мс/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Заев се појави на митингот на СДСМ во Струмица

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците

Мицкоски: Филипче ја доведе СДСМ до тоа дереџе во некои општини да биде трета, а некаде и четврта партија