Утрински Весник
Македонија

Во тетовско нема зголемување на цените за основните производи

Во тетовско нема зголемување на цените за основните производи

Тетово, 19 март 2020 (МИА) – Инспектори од тетовското одделение на Државниот пазарен инспекторат денеска беа во проверка по владината одлука за непроменување на цените на основните производи во трговските објекти. Според раководителот на одделението Лилберт Мемети нема отстапувања кај продажните субјекти кои досега се контролирани.

– Не е лоша ситуацијата, почитуваат сите освен со некои недостатоци некои што сакаат да злоупотребуваат, сигурно ќе бидат и тие проверени и ако најдеме неправилности ќе бидат казнети според законот. Има претставки од граѓаните, ќе видиме дали се искрени, дали се коректни бидејќи има и злоупотреба од граѓаните, истакна Мемети.

Во придружба на раководителот беше и Хисен Џемаили, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

– Како што гледавме и како што не инфомираа инспекторите нема зголемување на цените на основните продукти. Може да се случи на некои продукти кои согласно пазарната економија што потешко се наоѓаат сега, може да има покачување на цените, но тие цени што се гарантирани со одлука на Влада не гледаме дека има злоупотреби, рече Џемаили.

На новинарско прашање дали и маските ќе бидат ставени во категорија на основни продукти поради потребата од нив за заштита, министерот вели дека тоа ќе биде во иднина.

– Во врска со маските, знаеме дека во нашата држава не се произведуват овие маски, веќе е стапено во контакт со некои компании што можат да шијат маски. Кога тие ќе се произведат во државата ќе имаат гарантирана цена, истакна Џемаили.

Инспекторите проверуваа цени на основни продукти брашно, масло, шеќер, детергенти, млечни производи, леб и слично. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запалено возило во Бардовци

Подгответе се: Не очекува нова дестабилизација и промена на времето

Ја нападнал со остар предмет и сакал да ја силува – осомничен 28-годишен маж