Утрински Весник
Македонија

Во Тетово 19 од 37 случаи со коронавирус во регионот, во Јегуновце нема заболени

Во Тетово 19 од 37 случаи со коронавирус во регионот, во Јегуновце нема заболени
Dik 300x250 mk

Тетово, 13 април 2020 (МИА) – Во општина Тетово има 19 од вкупно 37-те случаи на лица заболени од коронавирус во регионот, објави денеска Кризниот штаб на општина Тетово.

Во Боговиње има 7, Брвеница и Теарце со по 5, а во општина Желино има едно лице заболено со КОВИД-19. Општина Јегуновце нема заболени.

-Кризниот штаб формиран во рамки на општина Тетово уште еднаш ја повикува Народната банка да упати инструкции до сите банки во општина Тетово за да го прилагодат работното време на оваа вонредна состојба и да најдат модел на работа за исплата на пензиите, така што возрасните лица да не се собираат пред влезовите на банките, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Таа информира дека во градот продолжува дезинфекцијата и дератизацијата.

Општината уште еднаш ќе отвори повик и до сите маркети кои имаат целосна документација за својата работа и повеќе од двајца вработени до среда во 12 часот да можат да носат намирници за време на полицискиот час. Целта е сите граѓани навремено да бидат опслужени не само во градот, туку и по селата од општината.

Арифи упати и апел до граѓаните да ги следат официјалните информации за коронавирусот.

– Ова се моменти кога треба да бидеме истрајни во почитувањето на мерките што ги носат одговорните – Владата и Министерството за здравство. Да не подлегнуваме на лажните информации, туку да се раководиме по официјалните податоци, истакна Арифи. ас/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Родителите на жртвите од Кочани најавија протест во Скопје на 15 ноември

Татко од Кочани ја објави последната снимка од ќерката што загина во „Пулс“ 

Метеоаларм: Можни се поплави, врнежите продолжуваат