Тетово, 25 мај 2020 (МИА) – Во строгото централното градско подрачје помеѓу плоштадот и поштата општинските служби бележат целосно демолирање на една од клупите кои Тетово ги доби минатата година како донација. Ова не е единствен пример на вандализирање на донираните клупи. Во текот на изминатата година неколку од клупите кои на најразличен начин се искршени и поради тоа оштетени и потоа веќе нефункционални.
-Вандализмот е очигледно штетен и скап, но од друга страна, исто така, служи како грд пример на социјално однесување, за тоа како не треба се однесуваме. Она што е оштетено од несовесни и социјално неосвестени граѓани ќе биде обновено, а овие слики ќе ги оставиме да сведочат и да бидат пример за тоа како не треба да се однесуваме со нешто што е изградено за наше добро, напиша градоначалничката Теута Арифи на профилот на социјалната мрежа Фејсбук.
-Луѓе кои не го сакаат заедничкото добро всушност не се сакаат и себе си, пишуваат дел од луѓето во коментарите.
Во јуни 2019 година беше реализирано поставувањето на 60 канти за отпадоци и 30 клупи за одмор донација на приватната специјалистичка дијагностичка лабораторија „Авицена“ од Скопје, која има оддел и во Тетово. Речиси една третина од клупите се трајно уништени. ас/ев/