Утрински Весник
Македонија

Во Тетово започнува улична продажба на списанието „Лице в лице“

Во Тетово започнува улична продажба на списанието „Лице в лице“

Тетово, 27 февруари 2020 (МИА) – Во Тетово од денеска ќе се продава единственото улично списание во државата „Лице в лице“. По тој повод се одржа интерактивна промоција насловена „Лице в лице патување – од его кон еко“.

Досега веќе се продава списанието во шест градови од 30-тина продавачи на отворено. Списанието чини 100 денари, од кои половина е заработка за продавачот.

-Задоволство е огромно за нас бидејќи имаме голем број поддржувачи кои го обезбедуваа списанието само во Скопје, па сега ќе имаат можност тоа да го прават во Тетово. Уличниот печат е значен за развој во социјалната економија и да шанса на лица кои се потешко вработливи, да се интегрират и да се засилуваат социјално и економски. Она што се зборува во филмот „Медена земја“ вредноста половина-половина, е она што го ние потребно и во социјалната економија за да се направи балансот во однос на искористување на природните ресурси но и економијата, изјави Климентина Илијевски, главна уредничка на списанието.

Мухамед Усени е 16 годишното момче кое во иднина ќе го продава списанието во Тетово.

-Јас сум од Теарце, се надевам дека на овој начин ќе успеам да заработам малку пари, рече Мухамед.

Повик за промена на навиките, преземање лична одговорност, но, и барање одговорност и будност од институциите, беа дел од пораките кои беа споделени на интерактивната промоција. Еко-активистот Аријанит Џафери од „Еко Герила“ посочи дека е поминато времето кога очите на граѓаните треба да се вперат кон еколошките активисти или граѓанските организации кои работат во доменот на животната средина.

Драги Неделчевски, амбасадор на „Лице в лице“ во Тетово и голем поддржувач, изјави дека со уличното списание другарува повеќе години и се поистоветува со списанието

Концептот на улична продажба на списанието „Лице в лице“ е развиена во 600 градови низ сите контитненти и го има на 26 јазици. ас/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер