Утрински Весник
Македонија

Во тек технички подготовки Филипче од својот дом да одржи прес-конференција или да има видео обраќање

Во тек технички подготовки Филипче од својот дом да одржи прес-конференција или да има видео обраќање

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека Извештајот на Институтот за јавно здравје во врска со новодијагностицираните случаи со коронавирус во државава сè уште се подготвува и штом биде готов ќе биде доставен до медиумите.

Во моментов, посочуваат од Министерството, се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку зум платформата од домот на министерот за здравство Венко Филипче, кој од денеска е во самоизолација, со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега.

Доколку во текот на следните часови се прилагоди системот, министерот Филипче ќе одржи стандардна прес-конференција од својот дом. Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со коронавирусот во земјата ќе информира преку видео обраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ страница на министерот, информираат од Министерството и додаваат дека новинарите може да испратат прашања на мејлот на одделението за односи со јавност при Министерството, кои ќе бидат одговорени во најкус можен рок. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење