Утрински Весник
Македонија

Во тек повеќе градежни активности во Крива Паланка

Во тек повеќе градежни активности во Крива Паланка

Крива Паланка, 15 април 2020 (МИА) – Во тек се повеќе градежни активности за асфалтирање и уредување на патни правци и локалитети во Општина Крива Паланка. Се асфалтира патот во село Огут, патот до манастирот Св. Јоаким Осоговски и се уредува и спортскиот комплекс во општината.

Од Службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка информираат дека интензивно се одвиваат градежните активности за рехабилитација на патниот правец R2245, од Крива Паланка кон село Огут, селата Осиче и Габар.

– Овој патен правец се асфалтира, а истиот е затворен за сообраќај, со контролиран проток на моторни возила за жителите кои гравитираат кон селата Осиче, Градец, Габар, Метежево, Огут и Нерав. Изведувач на работите е Јавното претпријатие „Македонија пат, а средствата во висина од 350.000 евра се обезбедени од ЈП Државни патишта, соопштуваат од оптината.

Во градскиот реон се работи на асфалтирање на повеќе локации, ќе се асфалтира крак од улицата „Калин Камен“, а интензивно се работи на изградба на првиот скејт парк кај спортскиот комплекс и се работи на реконструкција на стариот пат кон манастирот.

– Во тек се градежни активности за реконструкцијата и санација на стариот пат кон манастирот Св. Јоаким Осоговски, со која е предвидена обнова на коловозната конструкција и изведба  на комплетно нов слој асфалт, поставување нови рабници во должина од 2,5 километри, изработка на асфалтни риголи, надградба на постоечки банкини и изградба на потпорен ѕид во должина од 33 метри. Како дел од проектот „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите“, финансиран од Амбасадата на Република Бугарија во Северна Македонија, се поставува атлетска патека на стадионот во градот, а во тек е изградбата и на скејт парк. На оваа локација ќе биде изграден и мини-голф терен, а висината на инвестицијата за сите проектни активности изнесува околу 73.000 евра, со 25 отсто кофинансирање од страна на општината, посочуваат д Општина Крива Паланка. ид/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор