Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во тек е повикот за субвенционирање на поправки на лифтови и кровови во Општина Карпош

Во тек е повикот за субвенционирање на поправки на лифтови и кровови во Општина Карпош
Img 7972

Општина Карпош ги потсетува граѓаните, заедниците на сопственици и управители на згради дека во тек е Јавниот повик за субвенционирање на поправки на лифтови и кровни површини.

Повикот беше распишан на крајот на 2020 година, но жителите на Карпош имаат можност сѐ уште да аплицираат, се до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена: Финансиската поддршка за санација на лифтови е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста на санацијата на лифтот; Субвенционирањето за обнова на кровни површини е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 150.000 денари од вкупниот износ на вредноста на обновата на кровниот покривач.

Засегнатите граѓани можат подетално да се информираат за условите на следниот линк: https://bit.ly/38BqkLC.

Апликација за јавниот повик: https://bit.ly/3sbzVAt .

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?