Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Img 7972

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2021 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 октомври 2021 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 04.10.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

– 05.10.2021– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можете да прочитате

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши