Утрински Весник
Економија

Во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период

Dik 300x250 mk

Министерството за труд и социјална политика, известува дека во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период за учебна година 2021/2022 година во која се опфатени вкупно 32.403 корисници на ниво на држава.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Висината на додатокот за образование за ученици во основно училиште изнесува 737,00 денари месечно, односно 2.211,00 денари по мерен период. Висината на додатокот за образование за ученици во средно училиште изнесува 1.053,00 денари месечно, односно 3.158,00 денари по мерен период.

Можете да прочитате

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност

ФИЛИП НИКОЛОСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ”: „РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЕФИКАСНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА”

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца