Утрински Весник
Македонија

Во тек е дополнителната исплата на образовен додаток

Во тек е дополнителната исплата на образовен додаток

Во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата, информира Министерството за труд и социјална политика.

Според МТСП, исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена со Закон за заштита на децата.

„Висината на додатокот за образование изнесува 700 денари месечно за ученик во основно образование и 1.000 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година.Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.100 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР