Утрински Весник
Македонија

Во Струмица почнуваат карневалските празнувања

Во Струмица почнуваат карневалските празнувања

Струмица, 26 февруари 2020 (МИА) – Годинашното триесетто јубилејно издание на Струмичкиот карневал во организирана форма почнува вечер со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот на карневалистите. Во наредните осум денови, колку што траат карневалските празнувања, карневалистите симболично ќе управуваат со градот.

Веднаш потоа ќе се одржи свечена седница на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал по што ќе биде презентирана монографијата по повод јубилејот 30 години од организираното постоење на еден од најпознатите карневали во Европа.

На повеќе поединци и организации ќе им бидат доделени признанија, а првиот крневалски ден завршува со отворање на ретроспективна изложба „Струмички карневал-30 години ѕвезда под небото“.

Главниот настан на Струмичкиот карневал е Интернационалната карневалска вечер која ќе се одржи в сабота. На неа ќе бидат презентирани вкупно 46 поединечни и групни карневалски маски од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Германија со над 1.200 учесници.рт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Бектеши ја објави пораката за кој доби кривична пријава, смета дека станува збор за политички прогон