Утрински Весник
Македонија

Во стан во Аеродром приведен криминалец баран по централна потерница

Во стан во Аеродром приведен криминалец баран по централна потерница

Од страна на оперативен тим за потраги во СВР Скопје синоќа во 22.55 часот во станбен комплекс на подрачјето на Аеродром бил приведен 37-годишен скопјанец, баран за издржување казна затвор.

Наредбата за апсење на А.Р. е од Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од 11 години и 11 месеци.

За него била распишана централна потерница за доиздржување затворска казна од уште 7 години и 9 месеци. А.Р. бил предаден во Полициска станица Кисела Вода од каде ќе биде спроведен во казнено-поправната установа

Можете да прочитате

СДСМ: Нови примери од анти ЕУ кампањата 

Рокас: Вратата на ЕУ е отворена, потребно е внатрешно обединување за забрзување на реформите

Пронајден починат маж во хотел во Маврово