Утрински Весник
Македонија

Во среда ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Во среда ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда (01.09.2021 година) ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Авионското прскање против ларви од комарци ќе се реализира во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира на 01.09.2021 година, во текот на денот.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Можете да прочитате

Левица: Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви

МВР: Податоците за преминување на границата на Ристов се достапни само по законска постапка

На граничните премини запленети девизи, злато, цигари…