Утрински Весник
Свет

Во Србија 68 нови случаи на коронавирус, едно лице починало

Во Србија 299 новозаразени и седуммина починати

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 68 нови случаи на коронавирус, од вкупно тестирани 3.175 лица, а едно лице починало.

Епидемиолозите апелираат до граѓаните што се враќаат од странство да постапуваат одговорно и совесно.

„Од петокот во 18 часот, кога стапи во сила мерката за здравствен надзор за патниците што се враќаат од странство, до утрово околу 10.000 граѓани се пријавија на порталот за е-здравје“, изјави за РТС директорката на Институтот „Батут“, Верица Јовановиќ.

Таа рече дека сите оние кои не можат да се пријават електронски на соодветниот портал, а деталите се добиваат при влез во Србија, треба да одат кај лекар.

Таа посочи дека мерката се однесува на сите, без разлика дали имаат симптоми на Ковид-19 или не.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гроси повикува на воздржаност по нападот во близина на нуклеарната централа Запорожје

Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови

За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто