Утрински Весник
Свет

Во Србија 4.668 новозаразени и 26 починати од коронавирус, донесени нови мерки

Во Србија 4.668 новозаразени и 26 починати од коронавирус, донесени нови мерки

Коронавирусот е потврден кај 4.668 лица во последните 24 часа во Србија, а во исто време, 26 пациенти починале како резултат на оваа болест.

Тестирани се 16.831 лице, а 208 пациенти се приклушени на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата биле тестирани 3.122.905 лица, 507.959 биле позитивни, а 4.670 починале.

По завршувањето на седницата, Кризниот штаб денес објави дека сите угостителски објекти и трговски центри ќе бидат затворени за викендот, нема да се одржуваат културни настани, а постарите ученици од основните училишта ќе се префрлат и на часови преку интернет, покрај средношколци кои продолжуваат да присуствуваат на часови на овој начин и следната недела.

Претстојниот викенд, ниту во сабота ниту во недела, ништо нема да работи, освен продавници за храна, аптеки, здравствени установи, бензински пумпи за полнење гориво, киосци и достава на храна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“