Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 13.596 лица за коронавирус, од кои 4.091 биле позитивни, додека починале 17 лица.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 176 лица на апарати за дишење.
Денес се одржа состанок помеѓу министерот за здравство, Златибор Лончар и директорите на ковид-болниците, по што беше речено дека здравствениот систем е пренапрегнат и дека бројот на пациентите кои се примаат во болниците е многу поголем отколку оние што се отпуштаат.
Исто така, беше речено дека пациентите од Белград, бидејќи се полни капацитетите, ќе бидат пренесени на лекување во ковид-болницата во Крушевац.