Утрински Весник
Свет

Во Србија, 260 здравствени работници заразени со коронавирус

Во Србија, 260 здравствени работници заразени со коронавирус

Во моментов има 260 здравствени работници заразени со коронавирус во Србија, вели министерот за здравство Златибор Лончар.

Тој додаде дека 13 од нив се во болница, додека другите имаат поблага клиничка слика.

Лончар, кој разговараше со вработените во ковид-болниците во Пожаревац, Смедерево, Смедеревска Паланка, Петровац на Млави, Заечар, Мајданпек, Ќуприја, Параќин, Јагодина, Кладово, Бор и Неготин, им се заблагодари на здравствените и немедицинските работници кои се борат во црвените зони за животот на пациентите заболени од Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Експлозија пред американската амбасада во Осло, нема повредени

Трамп го обвини Техеран за нападот врз женското училиште во Иран со над 160 жртви

Најмалку 24 лица повредени во судар на германски автобус и автомобил во Австрија