Во Србија во последното деноноќие регистрирани се уште 351 нов случај на коронавирус, а починаа 11 лица.
На респиратор се 169 луѓе.
Претходно денеска, кризниот штаб во Србија донесе одлука за забрана за собирање повеќе од 10 лица на јавни места на отворено и затворено. За време на престојот на јавни места, мора да се држи растојание од 1,5 метар, односно минимум четири метри од лице.
Воведени се и построги мерки за маски. Обврската за носење маски на затворено, што претходно беше во сила во Белград, сега се проширува на цела Србија.
Маските се задолжителни и на отворено, каде што не е можно да се обезбеди безбедно растојание од 1,5 метар. Кризниот штаб исто така препорачува и децата да носат маски.
Построгите мерки стапуваат во сила од петок.