Утрински Весник
Свет

Во Србија 108 новозаразени од коронавирус, починаа две лица

Директорот на СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината може да заштити само неколку месеци

Во последните 24 часа, две лица починаа од коронавирус во Србија, регистрирани се 108 нови инфекции и тестирани се 9.513 лица, изјави секретарот за здравство, Зоран Гојковиќ.

Тој на прес-конференцијата на Кризниот штаб рече дека 673 лица во моментот се лекуваат во болници, дека се примени 106 нови пациенти и дека 36 лица се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата починале вкупно 709 лица. Досега се тестирани 913.856 граѓани, а заразени биле 31.207 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крадец од Холандија провалил во куќа, па си зготвил колбаси, полицијата го фатила на дело

Рекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните

Турција го блокира „Инстаграм” – 24info.mk