Утрински Весник
Свет

Во Србија скоро 7.000 нови случаи на коронавирус и 63 починати

Во Србија скоро 7.000 нови случаи на коронавирус и 63 починати

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 6.697 нови случаи на Ковид-19, а починаа 63 лица.

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека за да се запре епидемијата потребни се две работи – мора да се воведе ковид – пропусница во текот на целиот ден, а не само по 22 часот и забрзана вакцинација.

Тој рече дека без посериозни рестриктивни мерки нема да има нагло опаѓање на бројот на нови пациенти.

„Медицинскиот дел од Кризниот штаб бара ковид – пропусницата да важи 24 часа. Нема поделба по тоа прашање, целиот медицински дел целосно го поддржува тоа“, изјави Кон за ТВ Танјуг.

Можете да прочитате

Австрија планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за децата помлади од 14 години

Суд привремено ја блокираше забраната на Пентагон за користење на „Антропик“

Путин барал од олигарсите да помогнат во финансирањето на буџетот за воените трошоци