Утрински Весник
Свет

Во Србија речиси 8.000 новозаразени со коронавирус

Во Србија речиси 8.000 новозаразени со коронавирус

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 7.949 пациенти позитивни на коронавирус, а починале уште 22. Тестирани се вкупно 23.278 граѓани.

На респиратори има 81 пациент, а хоспитализирани се 2.221 лице.

Вчера беа регистрирани 7.652 пациенти позитивни на коронавирус.

Србија на 6 јануари го собори рекордот по дневен број на заразени. Тогаш во земјата беа регистрирани 9.122 пациенти позитивни на коронавирус, а починаа 19 лица.

Можете да прочитате

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство