Утрински Весник
Свет

Во Србија пристигнуваат милион дози од кинеската вакцина

Во Србија пристигнуваат милион дози од кинеската вакцина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја пречека испораката на милион дози на вакцината „Синофарм“ од Кина.

Како што соопшти прес-службата на Вучиќ, утрово ќе пристигне авионот „Ер Србија“ на аеродромот „Никола Тесла“.

Авионот ќе биде пречекан и од амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо и министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар.

Српските медиуми, претходно вчера јавија дека најверојатно в недела со кинеската вакцина ќе почне имунизацијата на здравствените работници.

Во Србија во тек е имунизација со вакцината на Бионтек/Фајзер и со руската вакцина „Спутник 5“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силен земјотрес вечерва ја погоди Романија

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Њујорк Тајмс: САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина