Утрински Весник
Свет

Во Србија одново над 5.000 новозаразени, починале 39 лица

Во Србија одново над 5.000 новозаразени, починале 39 лица
Dik 300x250 mk

Според најновите информации кои ги пренесуваат српските медиуми, во Србија се регистрирани 5.471 новозаразен со Ковид-19, а 39 лица починале поради компликации предизвикани од ова респираторно заболување.

Според последните податоци на српското Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респираори се 276 пациенти од вкупно 7.205 хоспитализирани.

Во последните 24 часа направени се 18.528 тестови, а од почетокот на епидемијата 3.406.642.

Досега во Србија починале 5.270 лица, а стапката на смртност е 0,88 проценти.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани 595.489 случаи на инфекција.

Директорот на Клиниката за инфективни болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ денеска предупреди дека во болниците има места за следните 24 часа, можеби малку повеќе, и потоа, како што рече, треба да се отвораат нови капацитети.

Тој додаде и дека голем е бројот на сè помлади кои имаат сериозни клинички слики и кои често пристигнуваат во болниците по седум дена домашно лекување.

Можете да прочитате

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си – Трамп

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција