Утрински Весник
Свет

Во Србија вакцинирани повеќе од 630.000 луѓе

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Србија, заедно со Велика Британија, со повеќе од 636.000 вакцинирани, е меѓу водечките европски земји по бројот на дадени дози вакцина против коронавирус на 100.000 жители, но во исто време е на чекор до заострување на епидемиолошките мерки затоа што новите статистички податоци укажуваат на зголемување на бројот на нови случаи и хоспитализации.

Можно е Кризниот штаб денеска да донесе одлука за целосно затворање на угостителските објекти вклучително и рестораните во хотелите, бидејќи се покажа дека престојот на илјадници луѓе на Копаоник и Златибор придонеле за скокот во бројот на заразени.

Србија последен пат имаше трицифрен број на новоинфицирани на 2 ноември минатата година – 802, за да достигне рекордни нови 7.999 случаи на дневна основа на почетокот на декември, и рекорден број хоспитализирани – 9.731 на крајот на годината, на 27 декември.

Членовите на Кризниот штаб ги анализирале начините на кои се проширила инфекцијата во последните денови, а заклучокот е дека жариштата се во полните хотели во зимските центри

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа