Утрински Весник
Македонија

Во Собрание спречена тепачка меѓу Апасиев од Левица и Костовски од СДСМ

Избегнат инцидент во Собранието, каде продолжува расправата меѓу пратениците од власта и опозицијата за францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

Во моментот кога Димитар Апасиев од Левица се враќаше кон пратеничкото место, дојде до препирка со пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. Двајцата влегоа во клинч и започнаа да се туркаат, по што дојдоа неколку пратеници од двете страни за да ги разделат и да спречат поголем инцидент.

Откако беа разделени, двајцата продолжија со дофрлувања и меѓусебни провокации.

Во Собранието сè уште е во тек 81. седница од расправата за францускиот предлог за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Можете да прочитате

Николоски: Левица станува СДСМ – СДСМ станува Левица

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба

СДСМ: Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата